Човекот од доверба и долгогодишниот батлер на британската принцеза Дијана, Пол Барел, повторно е во центарот на внимание во јавноста, откако откри уште една долго чувана тајна, но овојпат за себе.
Барел решил да признае дека е хомосексуалец, откако го прекинал неговиот брак кој траел 32 години, а се шпекулира дека Пол и сопругата Марија живеле разделени веќе подолго време, а дека пред извесно време и законски се развеле.
Батлерот тврди дека својата тајна и ја поверил само на Дијана, која не ја открила никому.
Барел оваа година ќе стапи во брак со својот избраник, адвокатот Греам Купер со кој веќе заедно живее.