Првата дама на Америка, Меланија Трамп го доби својот прв официјален потрет во Белата куќа.
Фотографијата е направена токму таму, а на истата Меланија е со скрстени раце и црно палто и кошула со интересни детали.
Нејзиниот накит е дискретен, па носи само два дијамантски прстени.
„Чест ми е да ја имам улогата на Прва дама, и со нетрпение очекувам да работам во името на американскиот народ во годините кои доаѓаат“, вели Меланија во официјалната изјава за потретот.