Бен Афлек се лекува од алкохолизам

Познатиот американски актер Бен Афлек заврши во институција за лекување од алкохолизам, а на социјалните мрежи објави дека главна причина за тоа е тоа што сака да стане најдобар татко, колку што е тоа можно.

„Сакам моите деца да знааат дека не е срамота да добиеш помош кога ти е потребна, и да бидат извор на сила за сите оние на кои им е потребна помош, а коишто се плашат да го преземат првиот чекор… Ова е првиот од многуте чекори кон моето опоравување“, напиша Афлек на Фејсбук, притоа заблагодарувајќи и се на својата сопруга Џенифер Гарнер.

Афлек и Гарнер, кои се во брак 12 години и заедно имаат три деца, во 2015 година најавија развод, но по се, изгледа на тоа поле дуваат се попозитивни ветришта.

„Го завршив третманот за одвикнување од зависноста од алкохол, нешто со коешто се борев во минатото и со кое ќе продолжам да се борам“, пишува тој натаму.

џенифер гарднер и бен афлек