Бенедикт Камбербач се приклучи на познатите личности кои одлучија да ги донираат своите чевли на интернет аукцијата „Charitystar.com“.
Добротворната кампања има за цел да ги дарува сите заработени средства на проектот “Мали чекори” во поддршка на деца кои живеат во состојба на екстремна сиромаштија до депониите, кои многу често преминуваат боси низ опасната зона.
42-годишниот британски актер подарил пар свои мокасини на брендот „Tod’s Loafers“, со автограм на двата чевела.
Во моментот нивната цена достигнала 600 фунти, иако остануваат уште 10 дена до крајот на наддавањето.
Покрај ѕвездата, се вклучиле уште 76 познати личности, меѓу кои Ема Вотсон, Кејт Мос, “Колдплеј”, Рита Ора, Опра Винфри и Мет ле Бланк.