Бенедикт Камбербач и Софи Хантер добија уште еден син

Британскиот глумец Бенедикт Камбербач, најпознат по улогата на Шерлок Холмс и неговата сопруга Софи Хантер добија син за кој се шпекулира дека ќе добие име по еден шекспиров јунак.

Тие двајца веќе имаат двегодишен син Кристофер Карлтон, а медиумите пренесуваат дека вториот син роден во лондонската болница Портланд ќе се вика Хал Оден Камбербач.

Хал по прекарот што Шекспир му го дал на Хенри 5ти и Ауден по поетот ВХ Оден.

Принцот Хал беше и линк што го глумеше пријателот на Камбербач, Том Хиделстон во ТВ серијалот „The Hollow Crown“ во кој што Бенедикт го глумеше кралот Ричард Трети.

Бенедикт Камбербач и Софи Хантер