Реалните шоуа станаа расадник на блуд и разврат, а со тоа и на насилство.
Па така 24-годишната Стефани Дејвис се скарала и го истепала момчето Џереми Меконел, со кого беше заедно во „Големиот Брат“.
Според зборовите на очевидци тие вечерта ја поминале во паб каде претерале со алкохолот, а кога се вратиле во хотелската соба се скарале и започнала тепачката.
Обезбедувањето повикло полиција, а десет полицајци се обиделе да ги разделат.
И двајцата завршиле во полициска станица, а Џереми го извлекол подебелиот крај.
Според фотографиите на папараците, Стефани има само една модрица на окото, додека кај момчето има повеќе видливи повреди на лицето.