Ана Николиќ преку ноќ стана позната кога со песната „Hoću da te gledam dok se ljubiš sa njom“ и се претстави на публиката.
Тоа беше во далечната 2003 година, а згодната пејачка за многумина беше право освежување и секс бомба за тоа време.
Иако тогаш немаше силикони, Ана зрачеше со харизма, но и затегнато тело.
Од почетокот на кариерата до денес има многу хитови, но ја пратеа и многубројни скандали, особено кога е љубовниот живот во прашање.
Оваа година ќе наполни 38 години, сеуште не е мажена, но не крие дека нејзината најголема желба е тоа.