Бездомник бодибилдер: Нема каде да спие, но секогаш наоѓа место за тренинг

Жак Сајах од Франција не оди секој ден во теретана да тренира, туку тоа го прави во сопствениот дом – на улиците на Париз.

Тој има 52 години и е бездомник, но тоа не го спречува во остварување на неговите цели.

– Не сакам да живеам во мал стан. Луѓето не разбираат зошто спијам на земја, но мене никогаш не ми е ладно, изјавил тој.

Тој не пие и не пуши, а од парите кои луѓето му ги даваат, се труди да си осмисли посебна диета која ќе му помогне да ја одржува мусулната маса.

– Бодибилдерите се футуристи, се осмелуваат на било што. Го сакам тој свет, рекол тој.

Исто така, овој човек оди на натпреварувања и покрај тоа што има болен црн дроб.

Појаснил и во што лежи неговата мотивација, дури и кога температурите ќе паднат под нулата.

Со својот син не бил во контакт 15 години, а потоа славата му помогнала во тоа, па сега се гледа со своите внуци и го поминува Божиќ и со нив и со неговиот син.

– Имам внуци. Сакам да бидат горди на мене, тоа е се што саам, вели тој.

Погледнете го видеото: