На бездомникот од Аспен, Мајкл Енгфорс му се насмевнала среќата кога на лотарија добил награда од 500.000 долари. Во ливчето вложил само 10 долари.
Човекот, кој во последните шест години е без кров над главата, се надевал дека ќе ја помине последната ноќ спиејќи на подот. Бидејќи останал без работа и се развел, почнал да пие, но не се предавал.
– Мајкл го виде дното и беше на работ, но тој никогаш не се откажа. Знаеше дека среќата ќе му се насмевне – изјавил Џереми Ковалис, директор во Центарот за бездомници во Аспен за телевизија од Денвер.
Скромниот Енгфорс изјавил дека со парите ќе купи еден пар скии, но најпрво ќе се поврзе со ќерката која ја нема видено 20 години.
Ова е само една интересна приказна која може да поттикне и инспирира многумина. Кога среќата му се насмевнала на Мајкл зашто не и на вас?