Оваа недела Бијонсе го прослави својот 36-ти роденден, а по раѓањето на близнаците одморот и е повеќе од потребен.
Ѕвездата беше забележана на јахта со своите пријатели, додека на лицето немаше грам шминка.
Бијонсе носеше зелен фустан со цветен принт кој го искомбинира со впечатливи златни обетки и повторно изгледаше одлично!
На папарацо фотките пејачката изгледа како да ужива во моментот во мир и тишина на луксузната јахта.