Филмската верзија на цртанот „Убавицата и Ѕверот“ е огромен хит по кој полудеа и најпопуларните ѕвезди на Холивуд.
Голем број од нив веќе се појавија на премиерите или го погледнаа филмот во кино салите, а псоледни во низа се семејството Картер.
Бијонсе, Џеј Зи и Блу Ајви се појавија на премиерата во Лос Анџелес.
Пејачката која е бремена со близнаци се појави во зелен „Гучи“ фустан со цветни мотиви околу деколтето.
Бијонсе не одбра ништо помалку спектакуларно и за својата 5-годишна ќерка.
Блу Ајви носеше зелено-розов „Гучи“ фустан од свила и шифон, чија цена достигнува до 26.000 долари.