Синоќа во Њујорк беа доделени MTV видео наградите, а Бијонсе беше апсолутен победник.
На доделувањето на музичките награди во Медисон Сквер Гарден, Бионјсе доби осум статуетки меѓу кои вклучувајќи ја и наградата за видео на годината.
Бијонсе ја доби наградата за видео на годината за песната „Formation”, која се смета за нејзина политички најангажирана песна и во која таа ја изразува својата солидарност со движењето „Black Lives Mater“.
Пејачката одржа и мини-концерт изведувајќи пет песни од својот најнов албум „Limonade”.
Помеѓу наградените беа и Ријана и Калвин Харис.