Бијонсе ја даде првата изјава по породувањето

Помина една недела откако во јавноста се појави информацијата дека Бијонсе стана мајка на близнаци иако сеуште нема официјална потврда.

Сепак пејачката ја имаше својата прва јавна изјава по породувањето, а тоа се случи на доделувањето на BET Choice Awards, каде Бијонсе си доби награда од публиката.

Наградата во нејзино име ја подигнаа Клое и Хале Бејли, кои го прочитаа и нејзиниот говор во кој вели:

„Ви благодарам BET, за оваа наградата и вашата поддршка за „Lemonade“. Ова за мене беше патување полно со љубов славејќи ја нашата култура, давајќи му почит на минатото, прифаќајќи ја сегашноста и иднината со разбирање и надеж… И благодарам на мојата мајка, Тина Ноулс, бидејќи е мојата најголема подршка и најголемо влијание. Му благодарам на моето семејство за целата њубов. На мојот тим од „Parkwood“, ви благодарам. Им благодарам и на сите мои фанови. Ве сакам! И за сите кои го гледаат ова шоу, вие сте прекрасни“.