Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс одново е на првото место на листата на најбогатите луге во светот на магазинот „Форбс“, откако за една година неговото богатство пораснало од 75 на 86 милијарди долари.
Најголем скок досега забележа третопласираниот на годинешнава ранг листа на „Форбс“, основачот на „Амазаон“, Џеф Безос.
Тој за само една година своето богатство го зголемил од 27,6 на 72,8 милијарди долари, што досега никому не му успеало.
На листата, како 544 е рангиран и актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, со богатство од 3,5 милијарди долари.
Кај жените-бизнисменки, и годинава најдобро рангирана е Французинката , наследничка на козметичкиот гигант „Лореал“, а нејзиното богатство се проценува на 39,5 милијарди долари.
Според ова американско списание, минатата година бројот на најбогатите луѓе во светот е зголемен за 13 отсто, па сега има 2.043 милијардери.