Турист кој летал од Ибица кон Мадрид фатил на дело вработен на аеродромот како краде од торбите на патниците. Го снимил дотичниот и веднаш го пријавил кај надлежните.
На снимката се гледа како маж кој е задолжен за багажот на патниците во еден момент отвора торба, зема пренослив безжичен звучник и го става во својот џеб.
По кражбата пристигнала полицијата и ги известила оштетените патници.
Човекот кој го украл звучникот, на аеродромот бил вработен само три дена. Секако го чека отказ!