Ксенија Дели стана позната откако се појави во спотот за „What do you mean“ на Џастин Бибер, со кого имаше и кратка афера.
26-годишната манекенка која ја красеше и насловната страна на „Плејбој“, се омажи за 36 години постариот бизнисмен Осам Фатиј Рабах Ал-Шариф, со кого била во врска помалку од една година.
Ксенија ја направи венчавката од соништата на грчкиот остров Санторини, а истата чинеше повеќе од еден милион евра.
Свадбата беше одржана во луксузната винарија „Santo Wines” со поглед на море, а на церемонијата присуствувале 150 гости.
Венчаницата е дизајн на Зухаир Мурад, а тортата била висока еден метар.