Уметноста е прилично субјективна и секој има право да се изрази онака како што сака во концептуалниот свет.
Но, ова студио во источен Лондон има прилично бизарна имагинација – чевли чии ѓонови се направени од човечки заби.
Всушност, забите се синтетички и додадени се на класичните модели на обувки, како Оксфордки и Мери Џејн, а идејата позади оваа Уметничка колекција е побивање на Дарвиновата теорија на еволуцијата и природната селекција, бидејќи според креаторите постои натприроден свет.
Моделите сè уште не се достапни за купување, но останува прашањето – кој би купил вакви бизарни чевли и каде би ги носел?