Врвот на епидемијата на коронвирусот во Кина помина, но опасноста и понатаму постои бидејќи во земјата се враќаат граѓани од странство, а голем број од нив се заразени со коронавирусот.
Сепак, дека најлошите моменти се зад нив може да се забележи на повеќе снимки на кои се испраќаат медицинските работници од Вухан, кој беше епицентар на епидемијата.
Огромна благодарност и восхит за пожртвуваноста во тешките моменти во борбата со вирусот, кинескиот народ им должи на лекарите кои лавовски се бореа да спасат што повеќе човечки животи, се дел од коментарите.
Кинеските војници им салутираа на медицинарите, а многу од нив добија и цвеќе.
Picture of the day.
– Soldiers salute Doctors who led the battle against Corona Virus in Wuhan, China. #ChineseWuhanVirus pic.twitter.com/rF2REJ1Fra
— AhMad🇵🇰 (@AhMad__5852) March 20, 2020
Пред три месеци очите на целиот свет беа вперени во Вухан, кинескиот град во кој изби епидемијата на новиот коронавирус. Заразата потоа се прошири низ целиот свет, а во Европа централно жариште веќе подолг период е северна Италија, додека драстично се зголемува бројот на заболени и во Германија и во Шпанија.