Легендата Боб Дилан, добитникот на Нобеловата награда за литература во 2016 година, конечно ќе ја прими дипломата и Нобеловиот медал овој викенд.
Церемонијата ќе се совпадне со посетата на Дилан на Стокхолм каде што оваа сабота и недела има закажано концерти.
Постојаниот секретар на Академијата Сара Даниус изјавил дека настанот ќе биде мал и интимен и на него нема да присуствуваат медиуми.
Традиционално, наградата вредна околу 950.000 евра се доделува неколку дена пред церемонијата на 10 декември, но тогаш Боб Дилан не бил во можност да дојде во Стокхолм.
Неговото непојавување и молкот по објавувањето на наградата предизвика многу шпекулации и зачуденост.