Овогодишните добитници на Нобеловата награда за медицина, економија, физика и хемија ги примија своите награди на свеченоста во Стокхолм, но меѓу нив не беше Боб Дилан, добитникот на Нобеловата награда за книжевност.
Американската музичка икона се извини дека е зафатен, потег што ја навредил Шведската академија, односно Нобеловата фондација.
Дилан е првиот музичар и текстописец што ја добил оваа престижна награда.
Дилан испрати свој говор со благодарност, што беше прочитан на гала вечерата во градското собрание, на која беа поканети 1.300 гости и кралското семејство. Наградата на Дилан ќе му биде врачена лично наредната година или во Шведска или некаде во странство.