Филмот „Bohemian Rhapsody“ стана најпродаваната адаптација на музичка биографија кога пред два дена ја надмина заработката од 900 милиони долари од продажба на киновлезници ширум светот.
Филмот за култниот бенд „Квин“ и неговиот екцентричен и незаборавен фронтмен Фреди Меркјури заработи 830 милиони долари на меѓународниот пазар и 71 милион од домашната британска публика.
Во изминатиот период, филмот награден со неколку Оскари, меѓу кои и за најдобар актер за Рами Малек, забележа драстичен раст на популарноста кај јапонската публика каде заработи 144 милиони долари.
Ова врвно филмско остварување го режираше Брајан Сингер, а веќе се размислува да се снима и продолжение.
Според филмските критичари, „Bohemian Rhapsody“, кој имаше премиера на 24 октомври 2018 година, за кратко време ќе ја стигне бројката од 1 милијарда долари заработка, со оглед на тоа дека сега е достапен насекаде низ светот.