Бојата за јајца може да биде отровна, еве како да ги препознаете природните бои

Ако офарбаните јајца се вкусен и неизбежен дел од трпезата за Велигден, постојат одредени ситуации во кои не треба да ги јадете, освен ако не сакате да ризикувате да добиете салмонела.

Судејќи според експертите, ако случајно наидете на офарбано јајце со пукнатини, најдобро е воопшто да не го јадете, особено ако не се користени природни бои.

Затоа, никогаш не треба да јадете јајца кои се обоени со хемикалии кои не се наменети за боење храна, без разлика дали јајцата се распукани или не.

Интернетот е полн со трикови за нијансирање со јајца со различни кујнски средства и препарати, како што е пена за бричење. Сепак, иако тоа може да бидат интересни бои, никако не се препорачува да ги конзумирате.

За да бидете 100% сигурни дека сте купиле боја која не е отровна, на декларацијата мораат да бидат отпечатени ознаки од 100 до 180.

Ознаката Е од 100 до 180 значи дека производителот гарантира безбедност и ако дел од бојата влезе во јајцето.

Од друга страна, многу несовесни продавачи земаат поевтини, хемиски бои и ги препакуваат како прехранбени бои.

Прехранбените бои за храна се поскапи бидејќи боите се прочистуваат. Овие бои технички во суштина имаат ист состав. Она во што се разликуваат, што е многу важна разлика, е во содржината на микрокомпонентите, во кои спаѓаат тешки метали, како што се најчесто арсен, жива, олово и кадмиум.

Ваквите фарби во себе можат да имаат многу метали кои во никој случај не се здрави за конзумација:

Жива – ги уништува келиските мембрани, можат да предизвикаат труење од поголеми пропорции и симптоми во неколку системи (нервен систем, кардиоваскуларен систем, гастроинтестинален тракт и бубрези).

Кадмиум – акутно труење со кадмиум може да биде смртоносно.

Олово – му попречува на метаболизмот и го померува магнезиумот од ензимите кои градат ДНК. Изложеноста предизвикува хипертензија и ослабена бубрежна функција.

Арсен – предизвикува гадење, повраќање, абнормална дијареа, аритмија, пад во производството на еритроцити.