Боки 13 објави досега невидена фотографија со Тоше Проески

Боки 13 во македонскиот етер се појави пред скоро две децении, а неговите ТВ проекти беа едни од најуспешните со години.

Денес македонскиот шоумен е повлечен од медиумите, но секогаш е добро да се потсетиме на убавите времиња.

Боки ја имаше честа уште во 2002 година да застане на иста сцена со Тоше Проески, а вчера реши да објави досега невидена фотографијата со него.

„Кога прв пат застанав на сцена имав привилегија да бидам во негово друштво. Тоше беше навистина посебен. Ексклузивно за прв пат ја објавувам сликава. Александар Палас, Скопје – март 2002 година. Спомени“, стои под фотографијата на Боки.