Робин Вилијамс изврши самоубиство во август 2014 година, a цел свет беше затекнат.
Две години по смртта на познатиот актер, неговата вдовица, Сузан Шнајдер, изнела детали за последните месеци од животот на Робин како и причините за неговото самоубиство.
Таа за медицинскиот магазин „Неврологија“ напишала многу емотивен, личен есеј со наслов „Терорист во мозокот на мојот сопруг“.
Шнајдер и Вилијамс биле во брак од 2011 година, а Сузан во својот есеј навела дека оттогаш започнала и нивната „потрага по вистинска дијагноза за состојбата на Вилијамс“ бидејќи првично му била востановена Паркинсонова болест.
Наместо неа, се испоставило дека Робин е болен од облик на деменција, која често погрешно се толкува или се останува без конкретна дијагноза.
„Робин го губеше разумот и беше свесен за тоа. Можете ли да ја замислите болката која ја чувствуваше, бидејќи знаеше дека ментално се распаѓа. И тоа не од нешто што има име и што може да го разбере. Ниту тој ниту кој било друг можеше да го запре тоа“, напишала Шнајдер.
Таа потоа ги опишала симптомите со кои нејзиниот сопруг се борел, од напади на паника до параноја и тресење на телото.
Сузан го опишала како гениј, а смета дека неговото страдање било и многу поголемо отколку што некој може да сфати.