Познатиот пејач Боно Вокс се најде на листата за избор на „жена на годината“ на списанието „Гламур“ и така стана прв маж во историјата кој ја доби оваа титула.
Боно се најде на листата поради неговиот активизам за еднаквост на половите, а како пример за неговата борба „Гламур“ ја наведе последната кампања „Сиромаштијата е сексистичка“, со која музичарот предупредува на проблемите со кои се соочуват женоте што живеат во сиромаштија.
„Јас сум сигурен дека не ја заслужувам оваа награда, но многу сум благодарен и сакам да кажам дека битката за еднаквост на половите не може да биде добиена ако покрај жените не застанат и мажите“, рече Боно.