Бонтон-лекции кои треба да ги знае секое дете

Обврска на секој родител е да го научи своето дете на добро однесување. Добрите манири уште од детството прави голема разлика во растењето и во понатамошното однесување.

Во продолжение, неколку бонтон-лекции треба да ги знае секое дете.

1. Бидете учтиви, покажете почит кон постарите лица.

2. Секојдневно користете ги зборовите како „благодарам“, „ве молам“, „нема за што“ и „извинете“.

3. Правилно однесување на масата и за време на оброците.

4. Никогаш не треба да прекинувате постара личност додека разговара со друго лице.

5. Никогаш не треба да го коменмтирате туѓиот изглед, освен ако немате намера да кажете нешто убаво.

6. Научете да дадете комплимент на вистински начин.

7. Треба да му се помогне на некој што е во неволја, особено ако станува збор за личност која е беспомошна или слаба.

8. Научете како правилно да се претставите себе си и другите.

9. Како да бидете свесни за позитивниот говор на телото и како да го покажете тоа.

10. Треба да знаете како да воспоставите контакт со очите за време на разговорот со друга личност.

11. Не треба да им се обраќате на возрасните на име, освен ако тие не го побарале тоа. Наместо тоа, може да се додадат „тетка“ или „чичко“ пред името.

12. Секогаш тропајте на вратата пред да ја отворите.

13. Секогаш одговарајте учтиво на телефонските повици.

14. Не треба да покажувате со прст.

15. Секогаш треба да ја покривате устата додека кашлате или се проѕевате.