Боранија со говедско месо

Состојки:

1.500 г говедско месо

1 комплет зеленчук за супа

500 г боранија

500 г компири

1 китка магдонос

сол

бибер

Подготовка:

Говедското месо ставете го во еден литар ладна вода и варете го. По половина час, во него ставете го зеленчукот за супа, исчистен и исечен на коцкички, па сето тоа зачинете го со сол и бибер. Месото и зеленчукот варете ги еден час. Потоа, во нив ставете ја боранијата, исчистена, измиена и исечена на парчиња, како и излупените и крупно исечени компири, па продолжете со варењето. Откако сето тоа ќе се свари, говедското месо исечете го на коцки и повторно ставете го во тенџерето. На крај додадете го ситно сечканиот магдонос.

боранија