Облините односно големите задници и на црвениот тепих на MTV видео наградите беа во центарот на вниманието.
Бијонсе, Ким Кардашијан и Ники Минаж ги украдоа сите погледи со своите појавувања во Њујорк.
Бијонсе која е апсолутен победник на вечерта со 8 награди, на црвениот тепих се појави во долга проѕирна светкава тоалета во друштво на својата ќерка Блу Ајви.
Освен малата принцеза, пејачката на доделувањето на наградите ги донесе и мајките чии деца низ годините починале како резултат на полициската бруталност, а во тој знак нејзината тоалета имаше „крилја“, односно пердуви на грбот.
За разлика од Бијонсе, Ким се одлучи за краток едноставен црн фустан, со кој разочара многумина.
Старлетата имаше „мокар“ изглед на црвениот тепих и единствено задникот и беше во центарот на вниманието, а не и модниот избор.
Помеѓу оние кои ги истакнаа своите облини беше и Ники мина која се појави во сина долга тоалета со проѕирни детали која и прилегаше одлично.
Кој друг се појави на црвениот тепих погледнете низ фотографиите.