Борбата за имотот започна: Лукас поднесе тужба и од Соња бара…

Разделбата на Аца Лукас од сопругата Соња Вукасановиќ е главна тема во балканските медиуми, а пејачот во вторникот и официјално поднесе документи за развод.

„Лукас поднесе тужба во која барa да се подели станот, автомобило и двата локало. Освен тоа, во тужбата наведе и дека старателството над децата и го препушта на неа, а предложи да го финансира школувањето на ќерката Викторија, но и Софија Шашиќ, како и да плаќа месечна алиментација од 1000 евра“, вели извор близок до пејачот.

Добро информираниот извор ќе додаде:

„Пред две години исто така имаа криза во бракот, но ја надминаа. Тие имаат италијански ресторан кој во Дизелдорф го отворија заедно со Марко Вишњиќ, братот на Соња. Соња е сопственик и на бутик, за кој не верувам дека ќе има проблем на кого да му припадне. Сепак голема борба ќе се води околу поголемиот имот“.