Братот на ѕвездата од „Сексот и градот“ пронајден мртов

Ѕвездата на „Сексот и градот“, Ким Катрал преку социјалните мрежи побара помош да го пронајде својот исчезнат брат, Кристофер.

За жал неколку часа подоцна таа објави дека 55-годишниот маж е пронајден мртов.

„Јас и моето семејство со голема тага соопштуваме дека нашиот син и брат Крис Катрал почина ненадејно. Ве молиме да ја почитувате нашата приватност во ова тешко време. Сакаме да ви се заблагодариме на сите на социјалните мрежи за љубовта и поддршката што ни ја праќате“, напиша таа во пораката.

Полицијата соопшти дека Кристофер Катрал бил најден мртов на неговиот имот во населбата Блекфолдс во Канада.

Тие не ја навеле причината за смртта, но истакнале дека не се работи за смрт во сомнителни околности.