Бред Пит и Анџелина Џоли по објавата дека се разведуваат, денеска го дадоа своето прво заедничко соопштение.
„Двете страни и нивните застапници потпишаа договори за заштита на приватноста на децата и семејството, па така сите документи ќе останат доверливи. Ќе се ангажира приватен судија кој ќе ги донесува сите неопходни правни одлуки и ќе овозможи сите преостанати прашања да се решат во што пократок рок. Родителите се посветени на тоа со здружени сили да се насочат кон опоравување и повторно обединување“, стои во соопштението на двојката за „CNN“.