Бред Пит го прифати разводот, но бара поделба на старателството

По повеќе од еден месец откако холивудската ѕвезда Анџелина Џоли поднесе барање за разведување на бракот, нејзиниот сопруг Бред Пит конечно ги потпиша документите, јавуваат американските медиуми во неделата.

41-годишната Анџелина Џоли поднесе барање за развод на 19-ти септември, наведувајќи ги „непомирливите разлики“ како причина за растурање на брачната заедница и побара исклучиво старателство над шесте деца на возраст од осум до 15 години.

Анџелина Џоли и Бред Пит со семејството

Меѓутоа, 52-годишниот Бред Пит бара поделба на старателството над децата.

Иако Џоли му дозволува да ги посетува нивните шест деца „доколку им биде гарантирано здравјето и безбедноста“, Пит и натаму има намера да го подели старателството над Мадокс, Пакс, Захар, Шилох, Нокс и Вивиен, што во медиумите се толкува како најава за долга битка пред судовите.