Бред Пит реши да се појави на аукција организирана од страна на Шон Пен, во која лицитираше за да изгледа само една епизода од „Game of Thrones“ во друштво на Емилија Кларк, една од главните ѕвезди на серијата.
Интересно е што холивудскиот актер, кој исто така е голем фан на серијата, го почнал наддавањето со 80.000 долари, но за жал се откажа кога достигна сума од 120.000 долари.
Во наддавањето учествувал и исклучително богат анонимен обожавател кој понуди 160.000 долари и неговата понуда беше прифатена.
Додека траеше наддавањето, прекрасната актерка Емилија Кларк се смешкаше во публиката.
Собраните средства од аукцијата што актерот Шон Пен ја одржа во „Milk Studios“ во Лос Анџелес ќе бидат наменети за хуманитарни цели за помош на Хаити.