Бред Пит не беше со семејството на Денот на благодарноста.
Холивудскиот актер се раздели со сопругата пред два месеци и во моментов тие се во процес на развод.
Ѕвездата живее одделно од Анџелина Џоли и нивните шест деца, а според весникот „US Weekly“ тој не беше поканет во семејниот дом, каде што Џоли го прослави празникот со децата.
Во моментов Бред Пит е зафатен со претставувањето на својот најнов филм “Сојуз” заедно со Марион Котилар, која беше дел од драмата помеѓу Бранџелина.
Самата Котилар го демантира тврдењето дека има интимни односи со Пит, а подоцна стана јасно дека е бремена со второ дете од нејзиниот сопруг.