Ирина Шајк и Бредли Купер вчера соопштија дека станале родители по прв пат, а денес го открија полот и името на бебето.
Според „E! News“ бебето е девојче и ќе го носи прекрасното име Леа де Зејн Шејк Купер.
Близок до двојката, која е заедно веќе две години, дури издава дека двајцата се подготвуваат и за второ дете.
“Бредли и Ирина се сакаат толку многу и тоа дефинитивно нема да е единственото дете – тие веќе планираат уште неколку по него”, вели изворот за таблоидот.
Актерот и супермоделот на „Victoria’s Secret“ се заедно од 2015 година.