Вчера одекна веста дека Анџелина Џоли се разведува од Бред Пит, а како причина се наведува „начинот на кој актерот ги воспитува нивните шест деца“.
Подоцна, адвокатот на Џоли, Роберт Офер, излезе со официјална изјава за разводот, велејќи дека „нејзината одлука била донесена за доброто на семејството“ и ги замоли новинарите да му ја дадат потребната приватност во овие тешки моменти на славното семејство.
Актерката досега не даде изјава за разводот, за ралика од Бред Пит кој за магазинот „People“ прв пат проговори за разделбата.
„Навистина сум тажен поради ова, но она што е најважно сега е доброто на нашите деца. Искрено ги замолувам новинарите да ни го дадат потребниот простор во ова турбулентно време”, кратко изјави актерот.
Инаку, Бред и Анџелина беа во брак околу две години, заедно се повеќе од десет години, а имаат и шест деца.
Тие се запознаа на снимањето на филмот „Mr. & Mrs. Smith“, по што Бред Пит се разведе од својата тогашна сопруга Џенифер Анистон.