Седум лебеди, сопственост на кралицата Елизабета II, умреле од птичји грип во замокот Виндзор.
Британското Министерство за животна средина спроведе тестови за да открие од што птиците умреле. Kонстатирано e дека смртоносниот вирус е најверојатно причината за нивната смрт.
Нивните стравови се појавија откако дваесет лебеди од „Виндзор“ загинаа, а неколку „сега се на работ на смрт“.
Според извори блиски до кралицата, веста сериозно ја вознемиририло Нејзиното Височество, која е љубител на животни, a мислата дека загинале од птичји грип, ја ужаснува. Дејвид Барбер, кој се грижи за нејзините лебеди веќе 16 години, рече дека е многу вознемирена од загубата.
Одгледувањето на птици од страна на кралското семејство е 800-годишна традиција. Видот на лебедот, кој е во Виндзор е еден од најчестите на островот.