Синоќа во Лондон се одржаа британските музички награди каде акценот беше ставен на музичката легенда Дејвид Боуви.
Боуви кој почина минатиот јануари, постхумно беше награден за најдобар машки британски изведувач и за најдобар албум за „Blackstar“.
Ова е последниот албум на Боуви, што многу музички критичари го сметаат за музичко ремек дело.
Наградата наместо Боуви ја прими Мајкл К. Хал, ѕвездата од „Лазар“, мјузикл заснован на неговите песни, а потоа ја презема Данкан Џоунс, синот на Дејвид Боуви.
„Да може Дејвид Боуви да биде овде вечерва, тој најверојатно не би дошол“, изјави Хал.
Британскиот соул-музичар Rag’n’Bone Man, беше втората ѕвезда на вечерта, а дома си замина со две награди – British breakthrough act и Critic’s Choice Award.
Пејачката Емили Санде ја освои наградат за најдобар женски изведувач на годината. Роби Вилијамс пак е добитник на наградата Брит икона.
Наградата за глобален успех заврши во рацете на британската пејачка Адел, која беше голема победничка на Греми наградите.
Признанието за најдобра група годинава е за инди-рок составот „The 1975“, а групата „Little Mix“ го има најдобриот сингл на годината за песната „ Shout out to my ex“.