Откако фановите се помирија со фактот дека шестата сјајна сезона на мегапопуларната серија „Игра на престолите“ заврши, ги дочека информација каков што не очекуваа.
Имено продуцентите на серијата, Дејвид Бениоф и Ден Вајс го потврди дека она за што се шпекулираше: планираат да снимат само уште 13 нови епизоди.
– Во план се уште две сезони со вкупно 73 часа, како што и планиравме од почетокот. Сакаме да раскажаме една квалитетна приказна со кохерентен почеток, средина и крај. Веќе подолго време знаеме каков ќе биде крајот и одиме кон него. Последните продолженија тоа и го најавија, објасни Бениоф, одговарајќи на негодувањето на фановите.
Според сегашните планови, во 2017 година во новата сезона ќе има седум епизоди, а во 2018 година фановите ќе ги чекаат последните шест епизоди од хит серијата.