Брза чоколадна торта од само две состојки

Сезоната на слава и празници е пред нас, а доколку немате многу слободно време за разни празнични кулинарски посластици, тогаш ќе бидете воодушевени од овој едноставен рецепт.

Верувале или не, но чоколадна торта можете да направите од само две состојки.

Во продолжение погледнете како.

Состојки:

– 3 јајца, 165 грама чоколадо со стевија – млечна или темна.

Подготовка:

– Одвојте ги белките од жолчките, а потоа белките ставете ги во фрижидер.

– Растопете го чоколадото на пареа и оставете да се олади

– Извадете ги белките од фрижидерот и изматете ги со миксер додека не добиете цврст „снег“.

– Во растопената и оладена чоколада додајте ги жочките. Во смесата додајте и една третина од белките и измешајте. Полека дел по дел додавајте го и остатокот од белките.

– Калапот за торта обложете го со хартија за печење, додадете ја добиената смеса и печете во претходно загреана рерна на 170 степени околу 30 до 40 минути.