Состојки:
1 л млеко
3 пудинзи од ванила
100 гр мелени плазма бисквити
2 праски
2 банани
7 лажици шеќер
125 гр путер
Подготовка:
Пудингот во прав се меша со шеќерот па сето тоа се исипува во 2 дл ладно млеко, а остатокот се става на оган да зоврие. Во врелото млеко додадете ја смесата од пудинг и шеќер и добро мешајте се додека се згусне, за да не се појават грутчиња.
Кога ќе згусне, трегнете го садот од оган и додадете го путерот. Мешајте се додека не се стопи и не се соедини со смесата. Од добиената мера додека сеуште е врело, извадете четвртина и во неа додадете ги мелените бисквити. Смесата префрлете ја во тркалезен калап.
Во остатокот од врелиот пудинг додадете исецкано овошје па и таа смеса исипете ја врз смесата со бисквити.
Тортата оставете ја да се олади неколку часа во фрижидер. Во меѓувреме изматете шлаг, премачкајте ја тортата и декорирајте по желба.
Добар апетит !