Брзи крокети од компири

Состојки:

700 грама компири
150 грама брашно
40 грама маргарин
1 лажица сув зачин
2 жолчки
100 грама кашкавал
2 јајца
200 грама брашно
200 грама презли
200 грама шунка

Подготовка:

Компирот сварете го заедно со лушпата. Варениот компир изладете го, излупете го и изгмечете го (како за пире). Во изгмечениот компир додадете лажица зачин, брашно, омекнатиот маргарин и две жолчки. Замесете тесто. По потреба додадете уште брашно.

Тестото малку ќе се лепи за рацете, па брашното секогаш нека ви биде при рака.

Во тестото додадете шунка исецкана на коцкички. Кашкавалот исечете го на тенки стапчиња. Со лажица (која при секоја употреба треба да ја натопите во масло), тестото ставете го на рака. Малку сплескајте го и ставајте по едно стапле кашкавал. Со помош на брашно формирајте крокети.

За поховање, во една чинија изматете јајце, во друга ставете брашно, а во трета презли. Крокетите прво извалкајте ги во брашно, па во јајце и на крај во презла. Пржете ги во многу зејтин, на средна температура.

Пржените прокети, кога ќе поруменат, ставете ги на кујнска хартија, за да се впие вишокот маснотија.

Послужете ги топли, со прилог по желба. Како прилог многу добро оди Татар сос.

Крокети