Брзи мини пици ролатчиња

За овие топли денови, најдобро решение е брзата храна, но секако таа не е здрава па затоа вие пригответе сами. Овие мини пици се лесни за правење ќе и станат омилен рецепт во вашата кујна.

Состојки:

500 -600 гр. брашно1 сув квасец (10 гр.)
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
1 јајце
15 лажици масло
125 мл. млака вода
250 мл. млако млеко

За полнење:

по потреба кечап
по потреба оригано
кашкавал
пилешка салама

Подготовка:

1. Во еден длабок сад се просејува брашното, но првин се става 500 грама, се става сувиот квасец, шеќерот и солта, се меша со лажица.

2. Потоа одма се ставаат останатите состојки и се замесува, а по потреба се додава уште брашно додека да се добие средно меко нелепливо тесто.

3. Се работи веднаш без киснење, па се дели на 2 дела, се зема првиот дел и со оклагија се развлекува правоаголна кора тенка 0,5 см.

4. Кората се премачкува со кечап, се наросува со оригано, се ренда кашкавал и салама. Се витка ролат, се сечат парчиња од 1 см. и се редат на намрсена тава. Секое ролатче се мачка со малку кечап и пак се наросува со малку оригано.

5. Сега се пушта рерната на 200 степени и штом загрее, мини пици ролатчињата се печат 20 минути, се намалува на 180 степени и се допекува уште 10-тина минути.

Уживајте!

мини пици