Наместо да се упатите кон најблиската пекара, вреди да посветите малку поголемо внимание на вашата исхрана, пред да стигнете на работното место и да си подготвите вкусни, хранливи оброци од дома.
Лиснатите теста делуваат вкусно, но по извесно време потребно ви е освежување. Плус, она што ќе го приготвите точно знаете колку витамини и калории содржи.
Еве неколку лесни, брзи и вкусни предлози што да подготвите :
Зачинет намаз од сирење
Состојки:
- 250 гр свежо кравјо сирење
- 150 мл кисела павлака
- 1 лажичка сол
- Зачини по желба (кари, бибер, вегета)
Сите овие состојки измешајте ги во еден пластичен сад, а кремот кој ќе го добиете намачкајте го на неколку кришки интегрален леб.
Додајте домати, краставици или листови марула и за помалку од 10 минути имате здрав канцелариски оброк.
Доколку ви остане вишок од солениот крем, слободно можете да го затворите во пластичен сад или тегла и да го користите во следните 5 до 6 дена.
Италијанска салата
Состојки:
- 500 гр макарони
- 150 гр моцарела
- 10 мини домати
- 100 гр црни маслинки
- Сок од половина лимон
- 1 лажица оригано
- Маслиново масло
- Сол
Сварете ги тестенините и посипете ги со маслиново масло. Додајте ги коцките моцарела, половинките мини домати и маслинките без семка.
Помешајте со зачини и лимонов сок и за околу 20тина минути имате свежа и сочна италијанска салата.