Брзи рецепти за вкусен оброк во канцеларија

Наместо да се упатите кон најблиската пекара, вреди да посветите малку поголемо внимание на вашата исхрана, пред да стигнете на работното место и да си подготвите вкусни, хранливи оброци од дома.

Лиснатите теста делуваат вкусно, но по извесно време потребно ви е освежување. Плус, она што ќе го приготвите точно знаете колку витамини и калории содржи.
Еве неколку лесни, брзи и вкусни предлози што да подготвите :

Зачинет намаз од сирење

Состојки:

  • 250 гр свежо кравјо сирење
  • 150 мл кисела павлака
  • 1 лажичка сол
  • Зачини по желба (кари, бибер, вегета)

Сите овие состојки измешајте ги во еден пластичен сад, а кремот кој ќе го добиете намачкајте го на неколку кришки интегрален леб.
Додајте домати, краставици или листови марула и за помалку од 10 минути имате здрав канцелариски оброк.
Доколку ви остане вишок од солениот крем, слободно можете да го затворите во пластичен сад или тегла и да го користите во следните 5 до 6 дена.

Италијанска салата

Состојки:

  • 500 гр макарони
  • 150 гр  моцарела
  • 10 мини домати
  •  100 гр црни маслинки
  •  Сок од половина лимон
  •  1 лажица оригано
  •  Маслиново масло
  •  Сол

Сварете ги тестенините и посипете ги со маслиново масло. Додајте ги коцките моцарела, половинките мини домати и маслинките без семка.
Помешајте со зачини и лимонов сок и за околу 20тина минути имате свежа и сочна италијанска салата.