Брзо и лесно: Еве како да си направите хидратантна маска за лице

Освежете ја кожата на лицето со витамините Б и омекнете ја со природните состојки од медот.

За да направите потребни ви се следните состојки:

банана
1 лажица мед
10 капки сок од лимон

Подготовка:

1. Бананата исечете ја на мали кругови, а потоа пасирајте ја со метална лажица.

2. Додадете го медот и сокот од лимон.

Нанесете ја маската на лицето и оставете ја да стои 15 минути. Потоа измијте го лицето со млака вода.

Бананата која се користи во оваа маска ја потхранува кожата, медот ја апсорбира и задржува влагата, ја хидрира кожата и го подобрува природниот сјај.

Лимонот прави ексфолијација, ја намалува можноста од појава на лузни и акни. Едноставна е за подготовка, а има голем ефект.