Силното невреме, бурата, дождот и ударите на гром го прекинаа долго очекуваниот концерт на ДИно Мерлин на градскиот стадион на Сански мост.
После еден час перформанс, Дино Мерлин и се обрати на публиката и и соопшти дека концертот поради ненадејното олујно невреме, поради безбедноста на сите посетители и изведувачите на сцената, мора да го прекине.
Откако било јасно дека концертот поради исклучително неповолните временски околности на виша сила мора да прекине, публиката била замолена да го напушти стадионот.
„Одиме дома. За жал, ова вечерва е невозможно. Многу ви благодарам. Ќе има прилики и ќе имаме повеќе среќа, Ова е опасно“ рекол Дино Мерлин.