• Цветко го прашува Трпе:
    – Трпе колку деца имаш?
    – Два сина и третиот е на пат.
    – Од кај си сигурен дека и третиот е син?
    – Па како да не бидам, кога вчера тргна на пат до Германија…
    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • Одат два дијаманти по плажа пуна камења и едниот вика:
    Леле ама врие од клошари овде !
    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • Отишол Цветко во полициска станица целиот истепан со модрици, и го прашуваат

    - Кој те истепа така бе?
    – Жена ми
    – А зошто?
    – Па ме праша што има на телевизија, а јас и реков дека има прашина.
    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • Детско игралиште. 5-годишната Трпана дотрчува до мајка си возбудена:
    – Мамо, мамо, си имам маж!
    – Браво Трпано! – Се шегува мајката. – А кој ти е маж?
    – Трпе, тој што си игра во песокот таму.
    – И како дозна дека Трпе ти е маж?
    – Па пред малку ми рече „Ајде собирај си ги работите и марш кај мајка ти!“
    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • Трпе и Трпана се шетаат низ шумата.
    – Трпе, имам чувство дека сакаш да ме искористиш!
    – Нема – одговара Трпе.
    Продолжуваат понатаму во шумата и еве ја Трпана пак:
    – Јас имам чувство дека сакаш да ме искористиш!
    – Нема, што ти е тебе!?
    Продолжиле и стигнале длабоко во шумата.
    Трпана:
    – А да ме искористиш, па да ми помине тоа чувство?
    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  #ВицовитеНаДедо
  • Доаѓа поштар на врата кај Перица. Малиот Перица излегува, со Плејбој под мишка, со томпус во уста и шише виски во рака.
    - Дома ли се твоите? - го прашува поштарот Перица.
    - А ти што мислиш? - одговара Перица.
    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • Лавот ги собрал на куп сите животни и им наредил:
    - Убавите ќе застанат од левата страна на потокот, а интелегентните од десната.
    Почнале да се редат животните и сите си го зазеле местото, само жабата стои здрвена во место.
    Лавот ја прашува:
    - Жабо, што чекаш ти?
    - Па,тогаш да се расчеречам!
    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • Чак Норис фатил КОВИД - 19...
    Сега КОВИД е во карантин 14 дена!
    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • Јадете многу лук!
    Не помага во корона вирусот, но ги држи другите на расојание!
    #ВицовитеНаДедо
    #ВицовитеНаДедо  
  • -Киро умрел
    -Коронавирус?
    -Не обичен грип.
    -Е па ништо страшно..
      #ВицовитеНаДедо