• Скржаврец му слави роденден на детето:
    Ајде сине дувни ги свеќичките и замисли си желба.
    Сакам да ми купиш торта тато.
      #ВицовитеНаДедо
  • Разговараат двајца алкохоличари:
    Колку треба да испиеш за да имаш три промили алкохол во крвта?
    Паа, треба два дена да не пијам ништо.

      #ВицовитеНаДедо
  • Зборуваат дечко и девојка:
    Сакаш да имаме нешто повеќе?
    Да.
    Што?
    Пари!
      #ВицовитеНаДедо
  • Каде беше до 4 сабајле бе говедо?
    Бев да ловам покемони.
    А зашто мирисаш на ракија?
    Е па, на покемони ли да мирисам!
      #ВицовитеНаДедо
  • Цветко му вика на газдата:
    Шефе, со оваа плата што ми ја даваш, не можам да се оженам!
    Уживај! Еден ден ќе ми бидеш благодарен за тоа.
      #ВицовитеНаДедо
  • Здраво може едно такси?
    За?
    За мене.
    Мислев до каде ќе одите?
    Аа па до кај сестра ми.
      #ВицовитеНаДедо
  • Доаѓа управникот на затворот и го прашува Црногорецот:
    Зошто не стануваш кога јас ќе дојдам?
    Мене ми кажаа да одлежам 2 години.
      #ВицовитеНаДедо
  • Жена му се обраќа на непознат маж:
    Вие многу ми личите на мојот трет маж!
    А колку пати се мажевте?
    Двапати!
      #ВицовитеНаДедо
  • Наставникот: Јас немам, ти немаш, тој, таа, тоа немаат... Трпе, кое време е ова?
    Трпе:Сиромашно време
      #ВицовитеНаДедо
  • Дткач се шегува со некој ќелав.
    Тиии бббе ккколку тттрошиш ззза шшшишање?
    Сигурно помалку отколку ти за телефон!
      #ВицовитеНаДедо