Денес потрошив 6000 денари – се пожали еден скржавец на својот сосед.
А за што си ги потрошил?
Купив 100 евра…
#ВицовитеНаДедо
Пациентот: Докторе, докторе, сите ме повторуваат!
Докторот: Докторе, докторе, сите ме повторуваат!
#ВицовитеНаДедо
Како се викаш?
Блага.
По баба ти ?
Не по кифла
#ВицовитеНаДедо
Се жали еден човек на докторот:
Докторе, жена ми сосема се мрднала. Чува дома 20 мачки, смрди како да умрел некој.
Па добро, проветрувајте почесто.
Ма немој, па да ми избегаат гулабите.
#ВицовитеНаДедо
Од кај си?
Од Скопје!
Многу си убава!
Ти се бендисвам?
#ВицовитеНаДедо
Денешните девојки кога ќе остарат на своите внуци ќе им раскажуваат:
Ехх деца порано баба ви каква риба беше.. по 200 лајкови имаше на слика.
#ВицовитеНаДедо
Кога ти е роденден?
12ти септември.
Која година?
Секоја година!!!
#ВицовитеНаДедо
Стига честитка на некое дете:
Дедо мраз не постои, родителите ти ги купуваат поклоните!
Поздрав од Жулиан Асанж – ВикиЛикс.
#ВицовитеНаДедо
Дечкото ја прашува девојка си:
Злато сакаш ли да си поминеме феноменален викенд?
Важи бе сонце, се гледаме во понеделник.
#ВицовитеНаДедо
Си разговарале внучето и бабата:
Внучето: Бабо, мојот компјутер има вирус!
Бабата: Еее бабе, кога ти велев да се миеш раце пред да го фаќаш компјутерот.
#ВицовитеНаДедо